А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски до Филе: Ние држиме до зборот и да јавно искажаните принципи, продолжуваме со реформите

by А1он21/02/2013 - 15:0121/02/2013 - 15:09163
Share0

Премиерот Никола Груевски го доби и веќе одговори на писмото на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, потврди владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Во одговорот премиерот Груевски изрази благодарност за континуираната поддршка која еврокомесарот Филе ја дава на Република Македонија и на реформскиот процес на кој сите ние заеднички работиме, и за заедничкиот напор кој што во изминатите неколку години ја повлече напред нашата земја создавајќи прогрес кој ја отвори можноста понудена од Европскиот Совет на декемвриски самит во 2012 година. Премиерот Груевски изрази и жалење за потешкотиите за надминување на политичките предизвици произлезени од настаните на 24 декември и деструктивното однесување на опозицијата, истакнувајќи дека е свесен за тоа каков ризик се отвора за споменатата можност во контекст на европската агенда. Истакнувајќи дека еврокомесарот Филе е добро запознаен со сите наши обиди и заложби за придвижување на работите и надминување на состојбите дури и кога наспроти нашата отвореност, подготвеност за дијалог и компромис наидуваме на несериозен и нерационален пристап од другата страна, премиерот Груевски во писмото напиша и дека во изминатиот период понудивме многу опции и излезни решенија за кои и самиот Филе е свесен дека од наша страна е даден максимум за надминување на оваа ситуација, се вели во пишаната изјава на Ѓорѓиев.

Премиерот, поосочува владиниот портпарол, „наведе и дека иако многумина сметаат дека сите идеи и можности се веќе исцрпени и сега се повторуваат како стари позиции во понуди како да се нови, сепак ние остануваме одговорни, отворени и посветени за продолжување на делувањето согласно јавно искажаните принципи и за евентуални конкретни предлози од било кого, вклучувајќи конкретни предлози и од страна на Филе“.

– Во контекст за соработката и дијалогот со медиумите, премиерот Груевски во писмото истакна дека и покрај нашиот досегашен прогрес, нема да престанат нашите напори за унапредување на состојбите на ова поле, се вели во изјавата на Ѓорѓиев. 

Груевски во писмото до Филе, подвлекува и дека во следниот период преку надлежните служби до еврокомесарот ќе биде испратен преглед на досегашниот напредок во контекст на Високиот пристапен дијалог и развојот на добрососедските односи.

eupremier

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:0014/10/2026 - 16:26

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 17:0308/10/2026 - 17:06

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 15:1230/09/2026 - 15:19

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он28/09/2026 - 14:1728/09/2026 - 14:56

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он28/09/2026 - 09:4528/09/2026 - 11:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео