Груевски: Бранко е политички противник каков може само да се посака

Од:

Овие локални избори ќе останат запаметени по настаните кои им претходеа, а кои ги осмисли шефот на опозицијата Бранко Црвенковски уште во јули, лани, заради личен интерес за да го избегне поразот на локалните избори и заминувањето од лидерската функција, а на штета на државата и на својата партија, изјави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

– Тој во јули лани не размислувал околу програмата за овие локални избори, за тоа кои се потребите за поквалитетен живот за нашиот народ, ниту пак за дела, проекти, а најмалку за реформи. Преплашен од фактот дека ќе доживее тежок пораз на овие локални избори, и дека во мај треба да се појави на партиски конгрес, тој осмислил инцидент со кој ќе создаде хаос и истиот ќе го искористи да ги одбегне локалните избори, обвинувајќи не нас за насилници и диктатори, а прогласувајќи се себе и своите пратеници за жртва која сите треба да ја жалат, а во иднина и да ја наградт.

– И сето тоа го смислил на штета на државата, на нашите евроатлантски интеграции, на макотрпно градениот имиџ на земја реформатор, но и на штета на својата партија, а се заради личен интеерс, рече Груевски на конвенцијата во Универзална сала на која беа претставени кандидатите за градоначалници од партијата и од Коалицијата за Подобра Македонија.

Тој на пораката на Црвенковски упатена од Куманово, минатата недела дека „а бил, а не бил, од него немало спас“, му одговори дека тој е политички противник кој само може да се посака.

– Бранко не та бил, та не бил, него гледај да бидеш, оти нам на ВМРО-ДПМНЕ ти најмногу ни одговараш за престедател на СДСМ. Со менувањето на името во БЈРМ, со твоето минатото, со шверцовите за време на ембаргото, со октоподот и пирамидалните штедилници, со криминалните приватизација и твоите олигарси, со бркањето на Ауди од Македонија, со твоето неработење, немање реформи и дела, со лагите и манипулациите на народот дека ќе им вработиш по еден член, а место тоа им отпушти по еден, со криминалот кој царуваше во твоето време ти Бранко си политички противник кој само може да се посака, да се бара низ Европа не може да се најде, рече Груевски.

Му посака, како што рече, во мај да добие нов мандат на лидерската позиција на СДСМ, и оти како што вели, ќе се справат со неговиот нагон на правење штета на држвата, на што се навикнала и меѓународната заедница.

Тој го обвини Црвенковски, дека завчера се надминал со манипулирање на неговото членство реферирајќи за договорот со кој се стави крај на политичките несогласувања, во кој наводно станало збор и за предвремени избори, за потоа Андреј Петров да го потврди ставот на известувачот Ричард Ховит оти немало договор за тоа.

Груевски го посочи Црвенковски и како креатор на инцидентите деновиве преку неговиот коалициски партнер Стојанче Ангелов од Достоинство, за, како што вели да ја дефокусира јавноста од дебаклот кој го доживеал со постигнатиот договор со европската тројка.

– Дента, кога го прифати својот дебакл, Бранко преку својот платеник за ситни пари наречен Стојанче, попладнето на денот на дебаклот со цел дефокусирање на јавноста од неговиот политички пораз на двомесечното малтретирање на граѓаните низ цела Македонија, ни испрати едно 500-600 луѓе кои со насилство се обидоа да протестираат за назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.

– Со тој смислен акт, успеаја да предизвикаат вчера и бурна реакција од другата страна и живи среќни се радуваа оти ја смениле темата во јавноста. Демек луѓето да не размислуваат за што беше ова малтретирање два и пол месеца туку дали заменик министерот за одбрана поставен во време на СДСМ сега смеел да стане миснистер и дали ДУИ која лично Црвенсковски ја внесе во политичкиот живот на Македонија, и во 2004 им излезе во пресрет со Кичево, Струга и Скопје дали сега тоа ДУИ треба или не да предлага свој кадар во Владата, рече Груевски.

Тој порача дека независно кој ќе биде министер или заменик-министер за одбрана АРМ му служи и ќе му служи само на народот и на државата.

– Армијата на Република Македонија му служи и ќе му служи само на народот и државата. Независно, кој е министер или заменик министер додека е ВМРО-ДПМНЕ на власт и додека јас сум премиер таа армија ќе биде во служба на одбраната и интерсите на Македонија и македонскиот народ, а Стојанче, Бранко не те спасува ни од резилот кој што ти се случи ниту од поразот кој те очекува на 24 март, порача Груевски.

На конвенцијата беа претставени 70 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ која изборната кампања ќе ја води под мотото „Одбери дела, Македонија се сака со дела“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека се тоа кадри кои се истакнале со својата досегашна работа и реализирани проекти, но и нови лица кои се избрани низ строга и квалитетна партиска процедура за да се задоволат критериумите на партијата и поставениот модел на политичари кои ги реализираат ветувањата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Нема плата ако не гласате, не може да извадите возачка, парични казни – Земји каде гласањето е задолжително

Десна на Палчо излегува на парламентарни избори: Новиот претседател на партијата носител во единицата

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска