Груевски: Бранко е од Господ и тој го собрал Заев од нивата во Моноспитово и го ставил на чело на СДСМ

Од:

Премиерот Никола Груевски на собирот во Охрид, рече дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одбрал токму во Охрид да ја упати пораката дека тој е од Господ собран од нива да ја спаси Македонија, затоа што знаел дека во Охрид имало верници и могу цркви и дека тука тоа ќе му го поверувале.

Груевски рече дека по појавувањето на поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски со писмо во јавноста, членството на СДСМ било во дилема „кој е од Господ, Црвенковски или Заев…“, па премиерот посочи дека тој ја решил дилемата: „Бранко е од Господ и тој го собал Заев од нивата во Моноспитово и го ставил на чело на СДСМ.“

Груевски рече дека тоа е истата опозиција која го удавила Охрид во криминали, во перење пари, во незаконски набавки и договори, истата опозиција која „шуруваше со подземјето, чии експоненти со нога ја отвораа вратата на градоначалникот, го киднапираа и третираа како измеќар, град во кој избори на СДСМ истите тие од подземјето му ги добиваа со купување гласови, со притисоци и закани кон граѓаните од сите заедници, а за возврат добиваа тендери и бизниси со општината, си креираа и договараа задолжувања и на најбрутален и безобразен начин го клекнаа Охрид на колена“.

-Е тие луѓе сакаат охриѓани да заборават. Да заборават на сите криминалии и глупости на поранешниот градоначалник, на сите тие ликови кои го третираа Охрид како нивна приватна своина која треба да ја раскрчмат и ограбат. Но Охрид не само што не заборава, Охрид враќа, и затоа на изборите ВМРО – ДПМНЕ победи со толку голема разлика, затоа во два изборни циклуси по ред, разликата во гласови е толку голема што не можат да најдат ниту еден единствен, ниту меѓу нивните, кои би им поверувал дека сме победиле заради нешто друго. Охриѓани враќаат и тоа така треба. И ние сме свесни за тоа. Како што сме свесни и за очекувањата кои Охриѓани ги имаа од нас и од градоначалникот, очекувања кои беа доста високи, и со право високи. Охрид заслужува повеќе, и ние навистина правиме максимум колку што можеме да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно“, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина