(ВИДЕО) Груевски: Бараме слобода за притворените патриоти

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешниот протест пред Влада побара ослободување на притворените кои се обвинети за упадот во Собранието на 27 април. Тој рече дека притворените не се терористи и дека обвинението е лажно.

„Се борев како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за овој народ. Мојата вина е што бев многу претпазлив околу националните прашања. Има слобода за убијците на децата од Смилковското Езеро, слобода за над 1.000 затвореници, а затвор за патриоти“, рече Груевски.

На 27 април, додаде тој, се назначи нелегален претседател на парламентот точно во времето кога се протестираше.

„Се чини дека тоа беше намерно направено сценарио. Со сета осуда за насилството од поединци, земајќи ги предвид невиноста на останатите, ВМРО-ДПМНЕ предложи Закон за амнестија на обвинетите од 27 април. Тие луѓе не се терористи, тоа е лажно обвинување. Борис Дамовски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Игор Дурловски, Митко Чавков и останатите не се терористи. Шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не се терористи. Тие беа на своето работно место и никого не убија ниту повредија. Бараме слобода за патриотите. Бараме слобода за неправедно приведените. Потребно е да запре реваншизмот и неправдите. Потребно е национално помирување“, порача Груевски.

Од тука, додаде тој, порачуваме дека времињата ќе се променат и народот ќе си ја врати државата и со тоа ќе ја врати правдата. „Неправдите на власта мора да запрат и ќе запрат. Македонија мора да оди напред“, рече Груевски на протестот пред Влада.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски