Груевски: АРМ да не се претвори во маша за дневно-политички поени

Од:

Премиерот Никола Груевски упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија по повод 18 Август, Денот на АРМ.

„Армијата на Република Македонија прерасна во организирана институционална сила, способна да се справи со сите предизвици кои застанаа на патот на територијалниот интегритет и суверенитет на нашата држава. Такви предизвици сите добро знаеме дека имаше, а нападите од организирани групи кои користеа терористички методи на убивање во 2001-вата секако беа најголемиот предизвик со кои се справи АРМ заедно со македонската полиција, помогнати и од илјадниците доброволци кои се приклучија. Со одлучните акции кои што се презедоа, се спречија првичните намери на овие групи и истите се сведоа на барања за одредени етнички права. Затоа, ја користам оваа прилика да ја изразам својата огромна благодарност и признание за сите оние кои се ставија на браникот на татковината кога тоа беше најпотребно и да им оддадам почит за сите херои кои ги положија своите животи за подобро утре на сите граѓани на Република Македонија“, вели Груевски во честитката.

Рамковниот договор е реалност во Република Македонија и стремежот за соживот и за целосна интеграција во општеството на сите етникуми се од исклучително значење за нашата држава и истите треба да се поттикнуваат преку сите сфери, а АРМ, вели Груевски е  еден од многуте институционални канали преку кои сите граѓани на Република Македонија, без разлика на етничката и верската определеност можат да ги остваруваат своите професионални кариери, служејќи и на својата држава во насока на заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет.

„ Да не дозволиме Армијата на Република Македонија да се претвори во маша за остварување на дневно-партиско политички поени инспирирани од интереси на поедини партии и политичари кои ќе ја користат во партиски цели со цел додворување на одредена група гласачи, нарушувајќи ја на тој начин долги години градената доверба и меѓусебно почитување“, бара премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори