Груевски: Ако Заев има доблест нека распише предвремени избори за градоначалник на Струмица

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски го повика претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев да се повлече од градоначалничката позиција поради видео-снимката на која вели, бара мито, од бизнисмен и ако има доверба во себе да распише предвремени избори за градоначалник во Струмица.

– Ако Заев има барем ронка доверба во себе и во својата политика, го повикувам да распише предвремени градоначалнички избори во Струмица оваа есен, особено после онаа видео снимка на која отворено и срамно бара мито од бизнисмени, раскажува како тоа таков бил редот за земање арач од сите, за работи кои се обврски на општината да ги заврши на секој еден граѓанин. Замислете таков човек за Премиер!!!? Истото ќе почне да го прави со сите домашни и странски компании, кои една по една ќе почнат да се повлекуваат и да ги затвораат новоотворените работни места. Независно дали тој или некој друг од овој тим ќе биде премиер, а самиот Заев шеф на партијата. Бидејки моќта секој еден политичар ја црпи од партијата, за која народот се произнесува на избори, рече Груевски на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа денеска во Скопје.

Тој се осврна и на критиките од опозицијата дека со субвенции власта ја стекнувала довербата кај земјоделците.

– И гледам пред некој ден, објавиле дека преку давањето субвенции на земјоделците власта го купувала тој Иво од кого Заев најбезобазно бараше мито за себе и за брат му. А да го прашам јас од оваа говорница: владата дава субвенции и на неговите фирми кои произведуваат корнишони. Да не го поткупивме ние и Заев со субвенциите што ги зема за да работи за ВМРО и да снима риалити шоу за земање мито и личен данок од бизнисмените, за чисто онака да ни учини. И онака самиот изјави дека богаството го направил во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Тој посочи дека неодамна му понудил на Заев да се одржат избори оваа есен, но оти тој го одбил.

– Знаејќи дека ќе ги загуби тие избори, Заев бара и ќе бара нелогични работи за кои народот одлучува, а не тој. Тој тоа го знае, но тој всушност бара спас од изборите, после кои ќе треба да ја напушти политиката поразен и избркан од народот во Македонија. А истото ги чека они 20-тина што се врткаат околу него кои статираат на неговите прес-конференции, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он