Груевски: Ако сте квалитетни како партија медиумите ќе ви дадат простор

Од:

Приказната со слободата на медиумите е надуван балон и опозицијата ја користи во дневна политика. Во интервјуто за МИА Никола Груевски одговара и на прашање за медиумските слободи. Според Груевски во ера на многу национални и локални телевизии, радија, весници и интернет портали не поминува тезата за диктатура.

Медиумите ги препознале одличните политики на неговата партија и затоа им бил отстапен простор а мерките за подобрување и чистата политичка борба биле одлика која била забележана.

„Тврдам дека онолку работи колку што ние имаме направено во оваа сфера како декриминализација, нов Закон за медиуми за кој преставникот на ОБСЕ рече дека е одличен, повторувам одличен, мене лично ми го кажа тоа на состанокот во Владата пред десет луѓе, а во слична форма го кажа и во јавноста па се соочи со гневот на тие кои одработуваат, а не работат. Не се виновни медиумите, не се согласувам со тезите за провладини медиуми, не се согласувам со навредите кои ги пласираат дел од таа заедница кон други новинари и обратно. Ние добро знаеме што значи неслобода на медиуми, ние бевме соочени со коплметно контролирани медиуми кои наместо новинарство тераа пропаганда од најдолен вид, со навреди, клевети, жестоки навреди, не ни пуштаа деманти на нивните лаги и конструкции, ако сте квалитетни како партија медиумите ќе ви даваат простор, тоа сигурно го знам, ако нудите мерки за подобрување, ако се борите во чиста политичка борба. Ова не значи дека не постои простор за понатамошни подобрувања во оваа сфера. Ние планираме да продолжиме со реформи кои ќе ја зајкнат слободата и стабилноста на медиумите. Сечии добронамерен предлог е добредојден, а пред се добрите примери во понапредните земји на ова поле“, изјави Никола Груевски во интервју за МИА.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски