Груби: Заокружување на официјалната употреба на албанскиот јазик

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска на прес-конференција како еден од клучните столбови од Платформата 2020 за предверемените парламентарни избори го посочи заокружувањето на официјалната употреба на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор.

Артан Груби, носител на кандидатската листа на партијата во ИЕ 1, рече дека е потребно да се донесе посебен закон за употреба на албанскиот јазик во новиот парламентарен состав.

Во врска со уставните прописи, албанскиот јазик е втор официјален јазик во земјата, но според Груби повеќегодишното искуство покажува дека двете најголеми македонски партии го прекршиле Уставот со тоа што не покажале подготвеност за заокружување на ова незавршено прашање од Охридскиот договор. – Македонските партии треба да се ангажираат за законитоста и следствено да го спроведат амандманот V на членот 7 од Уставот, рече Груби.

Со посебниот закон, според програмата на ДУИ од 2016-2020 година, ќе се регулира правото на сите граѓани во централните институции  да се обраќаат и на албански јазик, правото на превод на подзаконски акти, автоматско пуштање на личните документи на граѓаните на албански јазик, водење на парламентарните седници на албански јазик, појаснување на одредбите на јазикот во Законот за локална самоуправа, вклучувајќи го и градот Скопје, стандардизација на употребата на официјалните јазици за сите јавни знаци, целосно спроведување на јазичните права во судскиот сектор.

– Никој нема потреба да се плаши од еднаквоста која доаѓа по 11 декември, рече Груби на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ