Груби во Приштина: Во јануари заедничка седница на владите на Северна Македонија и Косово

Од:

Замениците претседатели на владите на Република Северна Македонија и Република Косово, Артан Груби и Албулена Баљај-Халими најавија одржување на заедничка седница на владите на двете држави во текот на првата половина на јануари идната година. На денешната заедничка прес-конференција во косовскиот главен град, Груби и Баљај Халими најавија дека на зедничката седница ќе се потпишат повеќе договори за меѓудржавна соработка во разни области.

Груби, кој престојува во еднодневна работна посета на Приштина, изјави дека македонската Влада изразила подготвеност за што поскорешно одржување на заедничката седница, која е досега одложувана поради пандемијата, но и поради изборите во нашата држава. Првиот вицепремиер во македонската Влада предложи заедничката седница да се одржи во Скопје.

– Имаме многу договори за потпишување, кои се подготвени уште во месец јуни, но имаме пандемија и имавме избори и таа седница се одложи. Ние можеме во наредните неколку неделу да се подготвиме за седницата и предлагам таа да се одржи во Скопје, најдоцна во првата половина на јануари идната година, рече Груби.

Тој информира за некои од проектите за кои разговарал со неговата косовска колешка, меѓу кои е поврзувањето на Косово со гасовод преку Северна Македонија, како и изградбата на автопатот од Скопје до Блаце на границата со Косово.

– Меѓу темите за кои разговаравме е интерконекцијата со гас, која ќе го поврзе Косово преку Северна Македонија, за што е започната изработката на студија финансирана од инвестицискиот фонд за Западен Балкан. Тоа ќе биде од интерес за косовскит граѓани, не само поради цената, туку и поради заштитата на животната средина, Разговаравме и за автопатот Скопје-Блаце кој ќе се поврзе со косовскиот автопат до Приштина. 90 отсто од експропријацијата на земјиштето е завршено и останатиот дел и работите веќе се започнати, со цена од 14 милиони евра и верувам дека тоа ќе се заврши идната година, изјави Груби.

Баљај-Халими изјави дека на денешната средба се разгледани меѓудржавната соработка и договорите за кои станало збор при неодамнешната средба во Скопје на премиерите на Северна Македонија и Косово, Зоран Заев и Авдулах Хоти.

– Разговаравме за можните договори за кои расправаа и премиерите при посетата на Хоти на Северна Македонија, за заеднички граничен премин, за да не се малтретираат граѓаните на два премини. Расправавме и за физибилити студија за патот Призрен-Тетово, која ќе ја реализираме наскоро, изјави Баљај-Халими.

Двајцата вицепремиери, според Баљај-Халими ја разгледале и можноста за изградба на туристички центар на Шар Планина, со користење на потенцијалите на Брезовица на косовска и Попова Шапка на македонска страна.

Би можело да ве интересира

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ