(ВИДЕО) Груби: Со ништо не условуваме, од прв до последен ќе гласаме за Законот за ЈО

Од:

„Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка на Законот за Јавното обвинителство, за одбрана, за АВМУ, за сите договорени закони. ДУИ очекува ова Собрание да ги усвои овие закони и Парламентот да се распушти најдоцна до недела, 16 февруари. Ако треба ќе работиме дено-ноќно да се завршат овие постапки и да одиме на избори“, рече пратеникот Артан Груби.

Тој кажа дека ДУИ нема никаков проблем со СДСМ и дека ДУИ ќе остане доследен на договореното.

„Немаме никаков проблем со СДСМ. Ние бевме клучниот партнер на оваа влада и најважните одлуки за државата ги поддржавме, така и ќе остане. Настапот вчера беше таков, поради некоординираност. Стојам зад кажано, ДУИ недвосмислено го поддржува законот за Јавното обвинителство. Ќе гласаат сите пратеници почнувајќи од Али Ахмети. Нека закажат седница за пола час, ќе дојде и тој и сите од прв до последен ќе гласаме за законите за ЈО. Со ништо не го условуваме СДСМ, нема такво нешто. Нека завршат овие седници, нека се распушти Собранието, но и да се разгледа предлогот на Владата за разрешување на Рашела Мизрахи. Ние стоиме и целосно поддржуваме Преспанскиот договор, а со тоа и разрешувањето на Мизрахи. Тука немаме сомнеж. ДУИ ќе остане доследен на договореното во насока на европската перспектива. Тоа го ветивме и ќе го исполниме“, додаде Груби.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ