Груби се сретна со првиот човек на ИВЗ, Фетаху: Нашата прозападна ориентација е загарантирана

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска се сретна со вршителот на должноста претседател на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху.

На средбата, Груби, како што соопшти неговиот Кабинет, му пренесе на Фетаху дека Владата континуирано прави напори за негување на меѓуверската хармонија во Република Северна Македонија и дека Владата внимателно ќе продолжи да ги решава прашањата што се важни за ИВЗ и за другите верски заедници во земјата.

Фетаху посочи дека припадниците на исламот коегзистираат во посебна хармонија со припадниците на другите вери, со што на земјата и се дава тон на толерантна држава и посветена на социјален, економски развој итн.

Двајцата соговорници разговараа и за активностите на ИВЗ на Република Северна Македонија и нивните средби со сестрински организации, како и за негувањето на добрите меѓучовечки, меѓурелигиски и меѓуетнички односи. Соговорниците, исто така разменија мислења и за прозападната ориентација на земјата и за продлабочувањето на соработката на Владата со ИВЗ, како и за определбата на Република Северна Македонија да создаде еднакво општество за сите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?