Груби: Руфи Османи е виновен за малиот број албански пратеници

Од:

Пред изборите на 24 март, Руфи Османи лидерот на НДП излезе со прогноза дека ќе победи уште во првиот круг, но загуби затоа што во Гостивар, ДУИ победи со 11.208 гласови наспроти НДП со 10.775 гласа.

На републичко ниво, партијата на Руфи Османи доби 28.369 гласови додека Демократската Унија за Интеграција има 134.690 гласови. Руфи Османи основа политичка партија и излезе со прогноза дека на изборите во 2011 година ќе добие над 20 пратеници, но доби само два и најмногу придонесе кон загубата на најмалку пет албански пратеници во сегашниот состав, изјави Артан Груби од ДУИ.

– Неосновани се обвинувања на еден минорен субјект кој што нема мандат ниту легитимитет да се занимава со големи прашања, ниту им личи да се занимаваат со висока политика. И покрај многуте пораки против поделбата на албанскиот глас – изјави Груби.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он