Груби: Оптимист сум за резултатите од посетата во Софија

Од:

Само една недела по посетата на бугарскиот премиер на Скопје, денеска со заедничката средба на нашите влади во бугарскиот главен град се конкретизира изразената подготвеност за соработка и добрососедство во поконструктивна и подинамична димензија.

Во рамките на официјалната посета на Софија, Република Бугарија и со цел продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби придружуван од министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири, претседаваше со работната група од областа на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.

Четвртата работна група во чиј фокус се културата, образованието и науката, туризмот, како и младите и спортот, реши како задача да преземе чекори од двата планови за изработка на сеопфатна програма за соработка во овие области.

По средбата, првиот вицепремиер Груби го изрази својот оптимизам за позитивната атмосфера и постигнувањето на многу заеднички проекти меѓу двете земји.

„Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум огромен оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеците, потпишуваме многу меморандуми за соработка меѓу двете страни и ценам дека оваа седница на комисијата, но и пленарната седница што ќе следи ќе биде успешна и убеден сум во многу оптимистички резултати од целата наша посета на Софија“, нагласи Груби.

Една од работните групи во рамките на меѓувладината соработка со Република Бугарија која денес започна со работа е и работната група за образование, култура, наука и млади, со чија седница имав чест да копретседавам заедно со мојот бугарски колега.

Ги поставивме заедничките приоритети во овие области на кои ќе работиме во наредниот период, меѓу кои:

– објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници

– составување на заеднични културен календар;

– унапредување на соработката меѓу универзитетите од нашите земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава ;

– организација на заеднички научни конференции;

– организирање на еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети;

– интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за Mлади и Спорт на нашата земја и Министерството за Млади и Спорт на Република Бугарија;

– взаемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

Седницата меѓу двете влади во Софија е важен чекор кон решенија од заеднички интерес кои ќе донесат придобивки за нашите народи и заедничка иднина во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Орце Костов

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Левица поднесе кривична пријава против Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање