Груби: На Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Од:

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на партијата, Али Ахмети, посочи дека можат да функционираат без т.н. „огнена група“ односно членовите кои бараат смена на вицепремиерот. Груби, кој рече дека има најмалку заслуги за успесите на ДУИ, попладнево на Фејсбук, како што рече, ја дополнуваше неговата „несреќна збунетост на зборови“ за која тврди дека „погрешно ја претстави целта“.

„Мојот однос со претседателот Али Ахмети е како односот на секој од вас кои сте убедени во неговиот животен пат, во неговата правда, во неговата визија, во неговата национална вредност за сите Албанци. Искрената намера на мојата изјава беше да укажам на несоборливата вистина дека на Али Ахмети му треба народот колку што му треба на народот Али Ахмети, но мојата несреќна збунетост на зборови, погрешно ја претстави целта, за што, многу ми е жал.

Тоа се докажува во сите прогресивни процеси низ кои мина земјата, каде што г. Ахмети и луѓето по него постигнаа слобода, еднаквост, обезбедија интеграција на земјата во НАТО и ја задржаа на вистинскиот пат на евроинтеграциите.Али Ахмети од народот ја презема силата на акцијата и го има народот зад себе во четиридецениското политичко функционирање и продолжува да биде непоколеблив визионер во исполнувањето на идеалите за напредок и интеграција.

Секој збор на Али Ахмети, секое негово дело е света волја на народот да биде однесен во државата.Али Ахмети и народот се единствена душа која ќе продолжи да успева во патувањето на повеќекратните мисии. Неговата и наша единствена мисија е да им служиме на луѓето и да обезбедиме подобра иднина служејќи им на сите вас“ стои во објавата на Фејсбук на Артан Груби.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“