Груби-Мејер: Изборите ќе се одржат во демократски и европски дух

Од:

Пописот, претстојните локални избори и отворените прашања со Бугарија беа главни теми на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и в.д. шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје Ерик Мејер.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Груби, Груби и Мејер констатираа дека Вашингтон е најголемиот поддржувач на Република Северна Македонија.

На средбата Груби и Мејер разговарале за спроведување на неопходните и важни реформи со цел институциите да функционираат непристрасно и независно, за владеењето на правото, вклучително и борбата против корупцијата и за пописот. Груби, како што се наведува, му пренесе на Мејер дека овој процес е важен за нашата држава, но и дека е барање на сите меѓународни институции кои очекуваат од нас како земја кандидат за членство во Европската Унија да ги преземеме сите наредни чекори врз основа на процентот на населението и со ова да ги планираме и да ги спроведуваме развојните политики во нашата земја.

Според Груби, веќе се направени сите подготовки за организирање на овие избори и тие ќе се одржат во демократски и европски дух.

-Груби и Мејер разменија мислења и за надминување на отвореното прашање со соседна Бугарија. Северна Македонија е подготвена да се врати на разговорите со целосна конструктивност откако бугарската страна ќе биде подготвена за тоа, стои во соопштението.

На средбата се дискутирало и за Коридорот-8, за текот на постапките, а Груби изразил надеж дека договорот ќе биде потпишан во текот на годината со американската компанија „Бехтел“.

Би можело да ве интересира

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Сведок на судењето за „Државна лотарија“: Како членови на УО требаше да се изјасниме за набавката на ВЛТ терминалите, за постапката дознав по нејзиното завршување

Одбраната на обвинетите во „Лотарија“ тврди набавката на ВЛТ-апаратите е потврдена со финансиските планови и планот за јавни набавки

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври

Катерина Ѓуровски