(ВИДЕО) Груби: Избори не се решение, сите пратеници да гласаат „за“ уставни измени

Од:

Сите 120 пратеници ветија дека ќе ја интегрираат земјата во ЕУ и НАТО и дека ќе го решат спорот со Грција, убедени сме дека сите ќе дадат глас „за“, порача пратеникот Артан Груби од ДУИ.

Тој рече дека очекува сите пратеници да се вразумат, да гласаат за уставните измени, но не прецизира дали ќе поддржат распуштање на Собранието за распишување предвремени избори ако не се обезбеди двотретинско мнозинство.

– Ставот околу изборите е дека не се решение. Решението е Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО што побрзо и тоа по исцрпување на дебатата треба да ги поддржиме амандманите, сите 120 пратеници заедно да ги напишеме со експерти со новинари, со цела академска заедница, рече Груби.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата