Груби – Гир: Спорот со Бугарија треба што поскоро да се реши, време е за старт на преговорите

Од:

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска имаше средба со евроамбасадорот Дејвид Гир на која се разговараше за евоинтеграцијата на Република Северна Македонија, за натамошното унапредување на реформските процеси и политиките на дијалог и стратешките цели на државата, соопшти кабинетот на вицепремиерот Груби.

-Спорот со Бугарија и решавањето на овој спор меѓу двете земји беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, со особен акцент постигнувањето на договор што е можно поскоро и надминување на овој спор бидејќи патот на Република Северна Македонија кон Европската Унијата е од особена важност и решавање на дискутираните прашања во дијалогот без никакво одлагање со претседателот Радев и со новата влада во Софија, се наведува во соопштението од средбата.

Целиот процес, нагласиле двајцата соговорници, треба да се затвори без одложувања бидејќи ако не се затвори сега, спорот меѓу двете земји ќе се одолговлекува со години и ќе го блокира евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

-Од другата страна тоа може да влијае на безбедноста на земјата, регионот, но, истотака понапорно да се работи за повисок и подобар животен стандард на граѓаните, оцениле Грубиу и Гир.

Меѓу другото, Груби и Гир разговарале за политичката состојба во земјата, процесите низ кои минува Република Северна Македонија, како и потребата од поголема свест кај сите политички субјекти за поадекватно функционирање на Собранието и на проширување на парламентарното мнозинство, во корист на потребите на граѓаните и спроведувањето на европската агенда.

Шефот на Канцеларијата на ЕУ изразил сочувство за настраданите во автобуската несреќа во Бугарија, давајќи поддршка за решавање на случајот во соработка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември

Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Горан Наумовски

По повеќе од една година мината во бегство: Перпарим Бајрами и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?