Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

Од:

„Саем за вработување“ организира конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорите 8 и 10д, информира заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години, пишува на Фејсбук профилот на Груби кој е координатор за изградба на коридорите.

„Саемот за вработување“ ќе се одржи утре со почеток во 16 часот, во Агенција за вработување во Гостивар, а потоа ќе продолжи со презентација и во другите градови.

Би можело да ве интересира

Речиси 20 отсто помалку жени отколку мажи се вработени во Западен Балкан

А1он

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана