Груби е спроведен во притворското одделение во „Шутка“

Од:

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој утрово беше приведен на граничниот премин „Блаце“ по враќањето во земјава, е спроведен во притворското одделение во „Шутка“, потврдија од МВР

За Груби претходно беше определена мерка 30-дневен притвор во отсуство, бидејќи не им беше достапен на органите на прогонот. По приведувањето, тој е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“, познат како „Шутка“.

Од Основно јавно обвинителство Скопје информираат дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни информации околу понатамошниот тек на постапката и неговото изведување пред јавен обвинител.

Груби, заедно со поранешниот директор на Државна лотарија Перперим Бајрами, е осомничен во предмет што се однесува на наводни проневери при набавка на ВЛТ апарати. Истрагата ја водат надлежните обвинителски органи.

Би можело да ве интересира

Продолжен e домашниот притвор за Артан Груби

А1он

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски