Груби: Договорот од Пржино ќе се спроведе

Од:

Пратеникот Артан Груби од ДУИ на денешната средба со британскиот амбасадор Чарлс Гарет изразил уверување дека договорот од Пржино ќе се спроведе и затоа смета дека дијалогот треба да го следи, без одлагање, а македонските политички партии мора да покажат поголема одговорност за земјата отколку за себе.

Груби, како што соопшти ДУИ, рекол дека Советот на обвинители треба да покаже чувствителност за состојбата во земјата и да го почитува законот за специјалниот обвинител овозможувајќи без одлагање сите ресурси кои се потребни од страна на специјалниот обвинител.
Во врска со изборите во април 2016 година, Груби ја истакнал масовната мобилизација на ДУИ на терен која, како што рекол, ќе одговори на секој гласач, но и ќе се соочува со сите бескрупулозни напади со честите шпекулации и тенденциозни конструкции од координирани кругови против претседателот на Ахмети и ДУИ, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата