Груби: Да не беше Охрид, ќе ги немаше ни Преспа, ни НАТО

Од:

Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конгеенцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

– Драги пријатели, рамнотежата бара целосна еднаквост. Рамнотежата да се живее заедно значи да живееме еднакво. Бидејќи само еднаквите можат да живеат заедно. Оваа рамнотежа во општеството ја наоѓам од сите познати политички системи на државен поредок само во демократијата, каде што вредноста и достоинството на секој човек се препознаваат, секој е еднаков, мнозинството предводи со права за сите, компромисот и индивидуалната слобода се вреднуваат. И токму тука ја наоѓам суштината на еднаквоста, во демократијата. Кога демократијата е правилно спроведена и разбран, таа ги апсорбира поединецот и заедницата бидејќи нуди еднакви можности и бара повратно одговорности и обврски кон неа, Затоа, ценам дека лојалноста на поединецот и заедницата кон државата започнува со лојалноста на државата кон поединецот и заедницата, рече Груби.

Наглаис дека со Рамковниот договор ниту една заедница, ниту еден граѓанин не загуби, напротив сите заедници, сите граѓани имаа корист, а Македнија од земја во војна стана земја членка на НАТО и со зелено светло за членство во Европската Унија.

– Заедничкиот успех на домашните лидери и меѓународни пријатели, ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, граѓанското општество и медиумите, луѓе кои ги делат истите вредности и од бездната на војната, ја претворија мојата земја во место на надеж и успешна приказна. Денес сакам да се присетам на сите оние кои во 2001 година ја спасија мојата земја и не научија како да се постигне рамнотежа, многу од нив денес се меѓу нас, ви благодарам, некои од нив не се денес со нас, ви благодарам многу, а некои веќе не се со нас, како претседателот Трајковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Џејм Пардју на кои ви велам дека нема да ве заборавиме и ви благодариме, кажа Груби.

Нашиот предизвик „По Охрид“, како што порача, е владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, прифаќање на разновидност и вклученост, кредибилни демократски институции и квалитет на живот преку прифаќање на зелената агенда.

– Да не беше Охрид, немаше да ја биде Преспа, ако не беа и двете, немаше да го имаме НАТО, но не смееме да застанеме тука и мора да смогнеме сила да го спроведеме и третиот договор со истата храброст и посветеност што ја запечатува нашата европска иднина. Да ​​водиме, да не се водиме, да работиме за следните генерации, а не за следните избори. Договорите од Охрид и Преспа не научија дека оваа земја, овој народ, овој регион, не може да биде дом на евроспектицизмот, туку напротив, колку е поголем предизвикот, толку е поголема нашата посветеност бидејќи драги пријатели: Нашето сонце изгрева на запад, истакна првиот вицепремиер Артан Груби.

Би можело да ве интересира

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Орце Костов

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Левица поднесе кривична пријава против Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање