Груби: Ако СДСМ ја прифати платформата, нема пречки за формирање влада

Од:

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ, Артан Груби во интервју на ТВ Алсат, на емисијата 200, изјави дека ДУИ и СДСМ продолжуваат со внатрепартиски консултации и дека доколку биде прифатена платформата на албанците, вклучувајќи и официјализирање на албанскиот јазик, ќе нема друга пречка за формирање коалиција за нова Влада.

„Не гледам причина зошто да не прифатат. Верувам дека тоа ќе го одразат и не гледам причина зошто ниту еден Македонец да не прифати, бидејќи оваа платформа и помага на социјалната кохезија, граѓанската еднаквост, и е добра за Република Македонија. Дали мислите дека преговорите ќе можат да завршат брзо, ако постои таков дух? Ако има конструктивен дух и ако постои подготвеност да се рефлектираат овие потреби, да, апсолутно да.” – изјави Артан Груби.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата