Вчера околу 13 часот во атарот на село Горно Јаболчиште, велешко, Хасим Ф.(36) од село Г.Јаболчиште, додека собирал печурки од удар на гром починал на лице место.
Со телесни повреди се здобило и 20-годишно лице, по што истото е пренесено во Медицински центар Велес каде му е укажана лекарска помош и е задржано на понатамошно лекување.