ГРОМ против невработеноста во Охрид

Од:

На само три дена  до предизборниот молк, кандидатите за пратеници од Охрид активно работеа во струшкиот регион од петтата изборна единица.

Вчера, предводени од носителот на листа за ИЕ5, Љупчо Настоски, беа на средби со граѓани и во посета на семејства во селата Лабуништа, Луково, Враништа и Мислешево. На средбите, граѓаните имаа можност да слушнат дел од изборната кампања на ГРОМ и да добијат идеја за принципите кои Граѓанската опција за Македонија планира да ги постави на македонската политичка сцена.

Носителот на листата, покрај тоа, одржа и прес-конференција на која ја истакна потребата од решавање на проблемот со невработеноста во Охрид, но и низ цела Македонија, и со недостигот од соодветни работни места за младите високообразовани кадри. Настоски ја искористи можноста да ги  претстави идејните решенија кои ГРОМ планира да ги претвори во практика доколку ја добие довербата од граѓаните на 27. април.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?