ГРОМ Охрид за здрава животна средина

Од:

Кандидатот за пратеник од Охрид, Сашо Робески, вчера одржа конференција за печат на која изложи два проблеми што претставуваат бариера во процесот на европското интегрирање на нашата земја. Прво, тоа е нерешеното прашање со корупцијата, а како втор проблем ги постави недоволното внимание посветено на екологијата и на заштитата на животната средина.

– ГРОМ е политичка партија која досега покажа и докажа дека може и знае да води чиста кампања, без споредување со останатите политички партии и без непотребно нивно именување. Имаме идеи и решенија за голем дел од бариерите кои ја спречуваат нашата земја континуирано и здраво да се развива.  Ние ќе знаеме да ги претвориме во практика доколку ја добиеме довербата на граѓаните во недела! -истакна Робески.

Носителот на листата на кандидати за пратеници во изборната единица 5, Љупчо Настоски, и дел од останатите кандидати за пратеници од Охрид, во текот на вчерашниот ден остварија блиски и непосредни посети на семејства низ Охрид и Дебарца.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?