Вечерва промоција на партијата на Јакимовски

Од:

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски денеска ќе ја промовира својата нова партија – Грѓанска опција за Македонија (ГРОМ). Формирањето на ГРОМ ќе биде означено со седница на Иницијативниот одбор на партијата вечер во 19 часот во хотелот „Александар Палас“.

На Иницијативниот одбор се поканети да присуствуваат 500 лица.

ГРОМ, како што изјави Јакимовски, ќе биде мултиетничка партија на центарот отворена за соработка со сите.

– Во партијата е добредојден секој. Не сме разговарале досега со кој било од поранешните сопартијци затоа што целта не ни е да растураме партии. Нашата мисија е граѓанска и мисијата е по следните парламентарни избори да бидеме партија на власт, а не опозиција, вели Јакимовски.

Стевчо Јакимовски до локалните избори беше член на СДСМ, но беше исклучен бидејќи не ја почитуваше одлуката на партијата за бојкот на изборите. На локалните избори настапи како кандидат на Српската напредна страна.

Јакимовски го започна политичкиот ангажман во Либерално-демократската партија. Во 2003 година беше министер за економија, а во 2004/2005 го водеше и Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

А1он

Трајановски: Пензионерски домови достапни за сите и практично решение за паркирањето во Скопје

Трајановски: На местото на старата касарна во Бардовци ќе се изгради нов скопски Експо-центар

Трајановски: Централна пошта да стане Градски инспекторат и Центар за урбано планирање

Катерина Ѓуровски

Трајановски: ГТЦ ќе биде дом на градот, младите и културата – повторно симбил на Скопје

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски