Гроган: Политичките несогласувања да не ја попречуваат евроинтеграцијата

Од:

Надминувањето на политичката криза треба да биде приоритет за Владата и политичките партии и не смее да дозволи таа да ја попречи иднината на земјата. Тие треба да направат се за ЕУ да има позитивна оценка. Ирското претседателство и ЕК не можат да го направат тоа, туку тоа останува на вас самите.

Ова го изјави ирскиот амбасадор Оливер Гроган кој денеска во ЕУ Инфо центарот ги презентираше политиките и приоритетите на ирското претседателство во однос на процесот за проширување.

– Како претседателство апелираме до сите државни институции и до политичките партии да не дозволат ова прашање да го попречи патот на европската иднина на земјата. Го поддржуваме секој напор кој промовира политички дијалог како клучна алатка. Ова е историски момент за вашата земја, до извештајот на Комисијата остануваат неколку недели и треба да бидат донесени тешки одлуки, рече Гроган.

На новинарско прашање рече дека на денешните средби со владини претставници ја посочил иницијативата на престедателот Ѓорге Иванов за надминување на кризата. Во разговорите му бил образложен ставот на Владата, на што тој посочил на неопходноста од политички дијалог и оти прашањето мора да се реши и да се постигне напредок.

Амбасадорот Гроган го повтори ставот дека Ирска ги охрабрува евроинтеграциите на Македонија, и оти земјата треба да продолжи по патот на реформите.

– Процесот на проширување е важен приоритет на ирското претседателство и ние енергично ќе работиме за унапредување на процесот за земјите кои се со кандидатски статус. Согласно заклучоците од декемврискиот самит на ЕУ, ЕК за вашата земја треба да подготви извештај за имплеметација на реформите, и за напредок во однос на добрососедските односи и во спорот за името. Вашата земја треба да ја одигра својата улога за да дојдеме до посакувана цел и ирското претседателство искрено се надева на тоа, рече Гроган.

Амбасадорот Гроган денеска се сретна со шефот на дипломатијата Никола Попсоки и со вицепремиерот за евроинтеграција Теута Арифи, а вчера се обрати и во Собранието на Македонија.

Би можело да ве интересира

Македонија e блокирана без отворени или затворени поглавја со ЕУ, изјави Адеми

Горан Наумовски

ЕК предлага суспензија на договорот со Израел и санкции врз израелските министри и Хамас

Орбан: Брисел е на погрешен пат, ние ќе продолжиме по својот, унгарски пат

Трамп: Голем проблем е што земјите од ЕУ и НАТО купуваат руска нафта

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски