Грковска: Антикорупциска сè уште не ја доставила претставката дека Груби го користи министерството за партиски средби

Од:

Заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, вели дека сè уште не ја добила претставката од Антикорупциска за користењето на вицепремиерот Артан Груби на службените простории на Министерството за политички систем за партиски цели.

„Штом ќе ја добиеме, ќе постапиме како и за сите претставки до сега. Вие знаете дека сме постапиле непристрасно за кого и да станува збор“, вели Грковска.
Вицепремиерката вели дека мерките кои ги овозможува Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери не се декларативни туку конкретни. Опомените кои ги даваат до функционерите, вели Грковска, немаат тежина на закон и нема можност за прекршочни мерки.

„Станува збор за етичкиот и моралниот аспект, тоа е процес. Ние претходно не можевме да замислиме дека на некој министер или вицепремиер може да му се даде опомена за непочитување на Етичкиот кодекс. Само на таквиот начин може да се влијае на свеста за саморегулација, тоа е свесност на самите функционери на каков начин треба да се однесуваат со функцијата. Има промена на начинот на однесување кај одредени функционери, меѓутоа тоа е прашање на време, на процес и не се случува преку ноќ, за жал. Јас сум сигурна дека со ваквите мерки ќе дојдеме до оној момент да посведочиме некој да си ја преземе одговорноста за несовесното постапување. Но, ние како општество сè уште не сме до тој степен мерките во Етичкиот кодекс да бидат со таа силина да значат и да влијаат многу повеќе од прекршочните одредби. Ние сме сè уште до тој степен дека за некој е полесно да ја плати казната отколку да внимава на тоа како треба да се однесува“, изјави Грковска.

Претходно, од ДКСК рекоа дека ќе и достават докази, фотографии и линкови од „Фејсбук“ од политичката партија ДУИ, на кои се гледа дека во министерството се одржуваат средби на нивниот партиски лидер со претставници од странство.

На овие наводи, реагираше и вицепремиерот Артан Груби кој рече дека Антикорупциска не може да преболи тоа што не ги добиле просториите во кои се наоѓа Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Орце Костов

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Левица поднесе кривична пријава против Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање