А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грците со нови причини Македонија да не стане членка на Европската унија

by А1он29/03/2013 - 14:22119
Share0

Грчките аналитичари полека и сигурно секојдневно наоѓаат разни причини поради кои Македонија не треба да стане членка на Европската унија, јави дописникот на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Провладиниот весник „Катимерини“ денеска објави анализа според која поради економската криза во Европа земјите од Западен Балкан, засега, ќе останат надвор од Унијата.

Според весникот, „европскиот сон“ на Македонија ќе се претвори во кошмар, затоа што ЕУ во моментов не може да прими нови членки поради економската криза што ги тресе другите „станари на зградата“.

Колку и  да се чини парадоксално, пишува „Катимерини“, во време кога југот на Европа е „во пламен“, а еврозоната се тресе во Брисел, некои работат на проширувањето на Европската унија. Еврокомесарот Штефан Филе за таа цел патува во Белград, Скопје и Тирана. Но, со оглед на тоа што гледаме што се случува денес во обединета Европа, додавањето други членови во клубот може да остане само на идеја.

– Во други економски и политички услови проширувањето немаше да биде проблем. Европската економија ќе можеше да го поднесе товарот на сиромашните и послаби земји од Југоисточна Европа и ЕУ ќе ги инетегрираше дури и поради геополитички причини. Сега, зградата се тресе и конфронтациите меѓу северот и југот им се закануваат на темелите, така што другите станари не само што не можат да придонесат во заедничката каса, туку и оние кои живеат во најскапите станови најгоре, ќе треба да платат за одржување на зградата и за другите станари, парафразира грчкиот весник.

Грчкиот аналитичар се прашува кој ќе ги убеди Германците, Холанѓаните, Данците, Финците или Французите да стават рака во џебот со цел Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора да станат дел од европското семејство, „земји чии економии и државни структури се светлосни години далеку од европската реалност“.

– Народите од Западен Балкан инвестираа во европската визија, живееја и се уште живеат во надеж дека наскоро ќе станат европски граѓани. И со право. Сега, европскиот сон на нашите северни соседи е во опасност да се претвори во кошмар. Изгледите за пристапување ќе станат колатерална штета на европската криза, коментира „Катимерини“ додавајќи дека во таква ситуација „општествата тонат во интровертност и народите бараат имагинарни непријатели кои би ги обвиниле дека иако конечно дошле до фонтаната, не се напиле вода“.

– Комесарот Филе ќе мора да им ја каже целата вистина, без оглед на тоа колку и да е болна и нефер, заклучува  „Катимерини“.

eu

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен