Веќе шест години во Грција важат построги закони за патен сообраќај, но од лани туристите забележале зголемен бројот на сообраќајни полицајци на патиштата и улиците таму и дека се ажурирани во казнувањето на прекршителите, пишува Блиц.
Искусните патници советуваат да се обрне внимание и на тоа што е зголемен и бројот на радари на главните патишта, а првиот на кој ќе наидат патниците од нашата земја е многу блиску по граничниот премин Евзони.
Список на казни за сообраќајни прекршоци во Грција:
– Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра
– Надминување на дозволената брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра
– Поминување на црвено светло на семафор и престигнување преку полна линија – 700 евра
-Неносење појас – 350 евра
– Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра
– Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра
– Пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години – 1.500 евра и одземање на возачка дозвола.
Децата мора да бидат на детско седиште
Имајќи предвид дека Грција е најчеста семејна туристичка дестинација за нашите граѓани, важно е да знаете како легално да се возат таму деца под 12 години.
Во Грција законската регулатива е усогласена со препораките пропишани од Европската комисија во однос на превозот на деца, па според овие препораки децата пониски од 135 сантиметри и помлади од 12 години треба да бидат на соодветно седиште.
Тамошниот закон вели дека е забрането децата постари од три години и пократки од 150 сантиметри да се возат на предното седиште на возилото. За деца на возраст од 12 и повеќе години со висина од најмалку 135 сантиметри, сепак, доволен е нормален појас.
Во Грција веќе нема бенефит да се намали некоја од изречените сообраќајни казни на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена.
Не се залажувајте дека нема да платите за ниеден од овие сообраќајни прекршоци во Грција.
Имено, како што објаснува веб-страницата nikana.gr, која српските туристи ја користат како сигурен водич за летување во таа земја, доколку казната за сообраќаен прекршок сè уште не е евидентирана и информацијата за истата е испратена до граничните премини, не значи дека сте се спасиле од плаќање.
„Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, ако казната не е истечена, таа се уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Дополнително , во рамките на ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“, пишува на веб-страницата nikana.gr.
За разлика од Грција, во Бугарија казните се далеку помали, односно се приближно исто како казните кои ги изрекува и нашето МВР.
Во Бугарија се плаќа за :
– Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра
– Брзина до 20 км/ч – од 10 до 180 евра
– Поминување на црвено светло – 25 евра
-Неносење појас – 25 евра
– Непрописно паркирање – до 102 евра
– Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра
– Ако во текот на денот немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра.
Во Македонија казните изнесуваат:
– Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра
– Надминување на брзината во населено место до 20 км/ч – 45 евра
– Поминување на црвено светло – 300 евра
– Некористење појас – 20 евра
– Непрописно паркирање – 45 евра
– Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра
– Возење преку ден без вклучени дневни светла – 35 евра.