Грција има поддршка од Бугарија за блокирање на Македонија

Од:

Македонија веројатно денеска нема да добие датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија, јави бугарската национална телевизија (БНТ), а веста ја пренесуваат и некои грчки медиуми.

Македонија нема да добие датум откако Бугарија ја повтори својата позиција дека очекува докази за промена на реториката на Скопје, тврди БНТ.

Телевизијата јавува дека Советот на општи прашања на ЕУ денеска ќе го разгледа евентуалното одредување датум за почеток на преговорите, но на минатонеделната средба на амбасадорите Бугарија, Грција, Франција и Германија „истакнале дека тоа ќе биде избрзано“.

Дописникот на БНТ од Брисел повторува дека останува позицијата, која јасно ја изрази бугарскиот министер за надворешни работи пред неколку недели – дека Скопје ќе има целосна поддршка од Софија откако Бугарија ќе добие докази дека Македонија го исполнува договореното за добрососедските односи.

– За Бугарија е важно тоа што го зборувавме во минатите месеци, всушност тоа што со години сакаме да го добиеме како резултат. Акцент на добрососедските односи со нашата земја, прекин на антибугарската кампања. Тоа на никаков начин не го помага развојот на односите меѓу двете земји и не е во духот на европските вредности, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов пред почетокот на состанокот на Советот за општи работи.

БНТ подвлекува дека повеќето земји се за Македонија да добие датум, но одлуката се носи едногласно. Веројатноста за постигнување компромис денеска е мала, но сепак има теоретска можност да се одлучи да се даде датум, а разликите меѓу Македонија и државите со негативен став да се решаваат во од. Се очекува резултатот да биде познат вечерва, јави бугарската национална телевизија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија