А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Грчкото МНР го обвини македонскиот конзул во Торонто за иредентизам

by А1он17/08/2017 - 08:2486
Share0

Официјална Атина денеска ја обвини македонската Влада дека го прекршила Привремениот договор меѓу двете земји од 1995 година, откако генералниот конзул на Македонија Јовица Палешевски наводно „на официјален настан во Торонто говорел на позадина, која содржела иредентистички симболи и мапи“.

Добивај вести на вибер

Како што јави дописникот на МИА од Атина, македонското МНР се уште работи на расчистување на случајот и кога ќе се соберат сите податоци и потребни детали, ќе објави и официјална реакција и дообјаснување за она што навистина се случило.

– Го осудуваме учеството на генералниот конзул на ПЈРМ во Торонто, Јовица Палешевски на иредентистички настан, учество кое претставува уште едно прекршување од страна на ПЈРМ на Привремената спогодба, со која се бара воздржување од секаква акција со која се поддржуваат територијални претензии, соопшти грчкото МНР.

Воедно, во соопштението се додава дека „на позадината на бината од која Палешески им се обратил на учесниците на настанот, биле прикажани иредентистички симболи и мапа на ПЈРМ, која опфаќа и грчка територија“.

– Новата влада на ПЈРМ тврди дека се стреми кон нов почеток во односите со Грција. Сепак, и покрај промената на власта, се чини дека иредентизмот и понатаму е доминантна државна идеологија и секојдневна политичка практика во нашата соседна земја. Одрекување од иредентизмот, почитување на границите и практична примена на принципите за добрососедство се неопходни услови за реализација на евроатлантските аспирации на ПЈРМ, се вели во соопштението на грчкото МНР.

grcija

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски08/02/2026 - 15:4008/02/2026 - 15:49

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски04/02/2026 - 20:2104/02/2026 - 20:45

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 09:15

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 09:35

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Горан Наумовски21/01/2026 - 22:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен