Грчките медиуми за средбата Муцунски – Герапетритис во Њујорк

Од:

„Северна Македонија: Важен чекор напред за зајакнување на регионалната соработка, средбата Герапетритис- Муцунски“; „Герапетритис до Скопје: Почитување на Договорот од Преспа и правилата за добрососедство“; „С. Македонија: „Важен чекор напред“ за зајакнување на соработката, средбата со Герапетритис“; „Нова порака за почитување на Договорот од Преспа“; „Порака на Герапетритис до МНР на С. Македонија за Преспа: Европската перспектива бара посветеност на меѓународните договори“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната средба на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција, технички, без дополнителни коментари или анализи, ги пренесуваат ставовите на шефовите на двете дипломатии веднаш по средбата, но и по нивното заедничко учеството на неформалниот состанок со министрите за надворешни работи од групата „Пријатели на Западен Балкан“ на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

-Како „важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно подобрување на дипломатските односи меѓу двете земји“, ја карактеризираше министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, средбата што ја имаше во Њујорк со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пишува државната агенција АНА-МПА на почетокот на текстот, пренесувајќи го соопштението од македонското МНР, вест што ја презедоа и останатите медиуми во Грција.

Во продолжение пренесен е и делот дека за време на „конструктивната средба посебно внимание било посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергијата, како основни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката“, но и ставот од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија дека „почитувањето на меѓународното јавно право е од неопходно за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир“.

Од друга страна, во онлајн изданијата на медиумите во Грција, акцентот е ставен на ставовите на Герапетритис особено за Договорот од Преспа, изразени по средбата со Муцунски, преку неговата изјава за активностите во текот на вчерашниот ден во Њујорк, а пренесени се и информациите од грчките дипломатски извори за разговорите на двајцата министри.

– Герапетритис, исто така испрати порака за почитување на договорите, истакнувајќи дека „европската перспектива оди преку почитување на меѓународното право, за Европа да остане столб на стабилноста на меѓународната сцена. За да остане активна меѓународната стратешка безбедност, не треба да има селективна примена на меѓународните договори“, пишува информативниот портал „Ин“, пренесувајќи ја изјавата на Герапетритис.

Како што вчера објави МИА, грчки дипломатски извори брифираа дека прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа, биле темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на двете земји на нивната прва средба.

Во изјава за новинарите што се во Њујорк, Герапетритис уште еднаш ја повтори и нагласи грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, меѓу кои и на нашата земја и рече дека како на неформалниот состанок со министрите од регионот, така и на средбата со Муцунски имал можност да ја истакне „потребата оваа европска перспектива да останете цврсто активна, се разбира, со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, особено меѓународните договори“.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчерашната прва билатерална средба со неговиот грчки колега ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна, а како што јави известувачката на МИА од Њујорк, шефот на дипломатијата изјави дека „во духот на добрата верба и во духот на почитувањето на обврските кои произлегуваат од меѓународното јавно право заеднички ќе работиме сите да ги реализираме обврските коишто ги имаме“.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите, најави дека ќе тужи за клевета

Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори

А1он

Бербок: Во ЕУ се одлучува едногласно, Македонија не може да напредува без уставните измени

Катерина Ѓуровски

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Средба Муцунски – Герапетритис утре во Њујорк