Грчките медиуми за првиот случај на коронависрус во Северна Македонија

Од:

Првиот регистриран случај со коронавирус во Северна Македонија беше соопштен само неколку часа откако Министерството за здравство на Грција информираше дека и кај јужниот сосед е откриен и потврден првиот случај на Ковид-19, што резултираше грчките медиуми, поконкретно само онлајн изданија да ја пренесат веста за заразената македонска државјанка, јави дописничката на МИА од Атина.

-Прв потврден случај на коронавирусот во Северна Македонија”; „Една 50-годишна жена е првиот случај на коронавирусот во Скопје”; „Ковид-19: Прв случај во Скопје”; „Коронавирусот зема замав во Европа – прв случај во С.Македонија”; „Коронавирус: Прв случај во Северна Македонија – жена која се вратила од Италија”; „ Северна Македонија: жена, првиот случај на коронавирус”; „Коронавирус: Вирусот стигна и во Северна Македонија”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми, кои во главно го објавуваат текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА.

Пренесена е изјавата на министерот за здравство, Венко Филипче, како и информацијата дека 50-годишната жена, со комбе се вратила од Италија.

Во синоќешните централни изданија на вестите на телевизиите во Грција фокусот беше ставен на двете главни теми што вчера беа актуелни кај јужниот сосед: првиот случај на коронавирусот во Солун и ситуацијата на Лезбос и Хиос, каде што имаше сериозни инциденти меѓу полицијата и локалното население.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска