Грчки медиуми: Зошто се вее знамето на Скопје на грчкото МНР?

Од:

Електронските изданија на грчките медиуми денеска јавуваат за вчерашната средба меѓу македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, главно без коментар.

Она што речиси кај сите предизвика изненадување е тоа што за време на посетата на Бесими, на грчкото Министерство за надворешни работи, беше развиорено македонското знаме, заедно со грчкото и она на Европската унија.
– Фактот што знамето на ПЈРМ се вееше на Министерството за надворешни работи предизвика љубопитност, иако е утврдена дипломатска пракса до грчкото знаме да се стави знамето на земјата од која доаѓа гостинот, министер за надворешни работи, пишува „Прото Тема“.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, македонското знаме беше изненадување и за новинарите кои го следеа настанот, со оглед на тоа што, иако во последните неколку години мал број македонски функционери имале билатерални средби во Атина, македонското знаме досега било истакнато само во внатрешноста на Министерството или објектот.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски