Грчката кујна презезентирана пред судентите во Охрид

Од:

Во рамки на активностите што ги спроведува Факултетот за угоститество и туризам од Охрид за збогатување на образовниот процес во делот на гастрономијата и посебно на медитеранската кујна, денеска се одржа практична настава и презентација на специфичностите на грчката кујна.

– Денот на грчката кујна е продолжение на напорите на ФТУ за приближување на бизнис-сферата со образованието, како начин за практично пренесување на знаењата и искуствата на студентите од страна на луѓе кои со години се занимаваат со специфична кујна. Четириесеттина студенти од областа на гастрономијата веќе се дел од проектот, на практичен начин да ги збогатат своите знаења, да научат што повеќе тајни и вештини во професијата, истакна деканот на ФТУ Сашо Коруноски.

Минатата година на ФТУ со ваква практична обука беше опфатена италијанската кујна, а во декември студентите ќе имаат можност да се запознаат со спецификите на истарската кујна. За во иднина најавени се и гостувања на шефовите на кујните од најпознатите хотели во земјата, како и гости од странство.

Денешниот практичен дел од наставата беше реализиран во соработка со бизнисменот Сашо Донев, единствениот Македонец што приготвува и нуди грчки специјалитети во сопствениот ресторан на осторовот Тасос.

– На менито да денешниот практичен дел од наставата се специјалитети од грчката кујна, гирото, суфлаки, раванија и други специфични готови јадења. Целта беше на студентите да им го пренесам соственото искуство во навлегувањето во тајните на грчките специјалитети, што сум го создавал, како преку позајмување на одредени посебности така и преку ребрендирање со лични интервенции во одредени јадења, истакна Донев.

По однос понудата на храна во Охрид како најпознат туристички центар во Македонија, професор Ангела Василеска ја нагласи потребата од идентифицирање на угостителските објекти кога е во прашање понудата на јадењата, преку специјализирање на менито со нагласување на одредена врста јадења.

Понудата во нашите угостителски објекти е стандардизирана, да не речам монотона. Оттаму потебата секој ресторан треба да се наметне со сопствен печат, со специфична понуда. Македонската со традиционална кујна треба да биде присатна, но како одвоен дел од менито, посебно акцентиран како додадена вредност, забележа Василеска.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан

Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

Катерина Ѓуровски