Грчева: Една изборна единица и промена на начинот на финансирање на партиите

Од:

Во пресрет на отворањето на Изборниот законик во Собранието, „Глас за Македонија“ бара и инсистира на две работи, вели во соопштение претседателката на оваа партија, Солза Грчева.

„Прво, Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел, отворени листи за пратеници и низок изборен праг. На тој начин, помалите партии нема да ги губат, односно со Донтовиот модел дури и да ги поклонуваат своите гласови на поголемите. Второ, да се промени начинот на финансирање на партиите. Оној кој е сега на сила, ги исцрпува сите пари од буџетот во полза на големите 4 партии во Парламентот. Нагласуваме дека се работи за вртоглаво високи суми кои се одлеваат од нашите џебови. Со 4,5 милиони евра годишно, се врши отворен поткуп на гласачите. Дури и скромната сума од 280.000 евра, предвидена во Изборниот законик за таканаречените аналитички центри на партиите, оди повторно само кај овие партии“, нагласува Грчева во соопштението.

Таа појаснува дека нејзината партија бара ваквите сегашни суми да се намалат барем на половина, а дел од парите наменети за големите партии, да одат за редовно сервисирање на скромните потреби на помалите, вон-парламентарни партии.

„Големите партии чиј рејтинг секојдневно опаѓа, ја добија два пати својата заслужена лекција. Еднаш на референдумот од 30-ти септември 2018 и последно на претседателските избори. Тие водеа битка за цензус. Се помал ќе биде бројот на избирачи кои ќе бидат мотивирани да гласаат. Затоа горенаведените промени мораат да се спроведат“, смета Грчева.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Ана Ололовска