Грант од 4 милиони евра за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија

Од:

Министерството за здравство го доби вториот дел од грантот од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија во вредност од 4 милиони евра, кој ќе почне да се реализира во периодот 2015/2016 година, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.

Втората фаза од 4 милиони евра е дел грантот за периодот 2012–2016 година, во износ од вкупно 10 милиони евра, од кој 6 милиони евра беа за првата фаза 2012 – 2014 година.

Финансиите од вториот дел од грантот, појасни министерот, се наменети за Министерството за здравство, за граѓанските здруженија, меѓу кои: ХОПС, ХЕРА, ЕГАЛ, Црвен крст–Скопје, како и за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Психијатриската болница-Скопје.

– Од инвестициите кои се реализирани со овие средства, а со кои значително придонесовме кон унапредување на грижата и третманот на ранливите категории како што се: лица со Хепатитис Ц или лица со ХИВ/СИДА, а воедно ги унапредивме условите за навремена дијагноза и ран третман, со што сериозно се намалува можноста за понатамошно пренесување на ХИВ вирусот, истакна Тодоров.

Министерот информираше дека од најновиот грант од Глобален фонд, Министерството набавило систем за генотипизација и детекција на ХИВ – десеквенционер на ХИВ, кој ќе биде сместен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

– Апаратот наскоро ќе биде инсталиран и ставен во функција, а вредноста изнесува 85.000 евра. Станува збор за врвна дијагностика во оваа област, односно апарат кој овозможува прецизирање на генотипот на ХИВ, а со тоа и поставување на соодветна терапија, што придонесува кон значително намалување на вкупните трошоци, рече Тодоров.

Министерот потсети дека Министерството за здравство обезбедило и фиброскен – апарат за повеќекратна контрола и прецизна репродуктивна проценка на ткивото на црниот дроб, кој исто така е сместен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и е во вредност од 50.000 евра.

За унапредување на третманот на Хепатитис Ц, со средства од Глобален фонд, набавена е и терапија за ова заболување, во износ од 18.538.304 денари само за 2014 година, а во 2015 и 2016 година ќе бидат наменети дополнителни 500.000 евра за обезбедување на потребната терапија.

– Сакам да истакнам дека во текот на оваа година се планира и набавка на лабораториска опрема во износ од над 130.000 евра, со цел зајакнување на капацитетите за дијагностика на овие заболувања. Исто така, годинава со средствата донирани од Глобален Фонд планирано е да се набави и специјално опремено теренско возило во износ од околу 30.000 евра кое ќе послужи како мобилна амбуланта за теренско тестирање и советување за сексуално преносливи инфекции меѓу популации изложени на ризик. Ќе продолжат и активностите во рамки на Националната кампања за подигнување на јавната свест за ХИВ/СИДА, додаде Тодоров.

Во 2014 година инфицирани со ХИВ вирусот биле 239 лица, од кој на терапија се 161 а починати се 78 лица. минатата година биле поделени 27.340 тестови за ХИВ,информираше директорката на Глобален фонд Наташа Николовска-Станковиќ.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски