Граничниот премин Евзони отворен за сообраќај

Од:

Граничниот премин Евзони деенска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ.

Поради штрајк на грките земјоделци Евзони беше затворен за секаков вид сообраќај од 30-ти минатиот месец.

На граничните премини, освен на граничниот премин Богородица – Евзони, нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, додека на осојничавите места коловозите се наместа влажни.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот