Грахамер: Македонија добро да се подготви и во јуни да ги почне преговорите со ЕУ

Од:

„Европската иднина на Република Македонија е јасна и земјата во јуни реално и без одлагање треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Македонија пред изготвувањето на пролетниот извештај на ЕК да направи се што може во врска со подготовка на овие преговори и да не дава причини за критика. Таа мора да демонстрира дневен политички живот, да покаже дека е држава што треба да ја интегрираме во ЕУ“, изјави во интервју за МИА,  австрискиот амбасадор во ЕУ Волтер Грахамер.

Грахамер вели  дека  лесно може  да се затвори и прашањето за името, правејќи споредбата со Белгија каде што има провинција Луксембург и соседната земја што го носи истото име, а тоа не создава проблем.

Поддршката што неговата земја и ја дава на Македонија за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, се должи на историјата, геополитиката и економскиoт интерес, но пред се, на тоа што Австрија сака да има мир во соседството што може да се гарантира со нивна интеграција во Унијата.

„Ние секогаш велиме дека ова прашање треба да се реши билатерално. Ние сакаме ЕУ некако да го стави ова прашање на маса, но да се решава паралелно додека се одвиваат преговорите за членство на Македонија во Унијата. Австрија не сака поради прашањето за името пристапните преговори да бидат заложник.“, ова е одговорот на Грахамер на прашањето за позицијата на неговата земја во однос на спорот за името.

За сегашната позиција на Република Македонија во Брисел и за можностите за нови блокади од страна на соседните земји, тој вели дека е тешко да се прогнозира.

„Не можам да предвидам! Но, мојата порака до Македонија е да направи се што може во врска со подготовка на овие преговори и да не дава причини за критика. Вашата земја мора да демонстрира дневен политички живот, да покаже дека е држава што треба да ја интегрираме во ЕУ. А, она што ние како Унија не треба да направиме е да увеземе проблеми.

– Ова некогаш било случај во минатото, но сега е јасно дека ЕУ не сака да увезе проблеми кои не може да се решат, оти на тој начин истиот проблем би го имале внатре во Унијата. Македонија треба да биде одлично подготвена во сите сфери за полесно да почнат преговорите, односно да се добие тој славен датум“, изјави австрискиот амбасадор во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија