Граѓанските организации дискутираат за подобро искористување на средствата од ИПА 2 фондовите

Од:

Претставници на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, министерствата и институциите задолжени за програмирање на ИПА фондовите, како и на граѓанските организации денеска и утре во Охрид ќе ги разгледувуваат можностите за подобрување на искористеноста на фондовите за развој што и се нудат на Република Македонија преку ИПА 2 програмата на ЕУ за периодот од 2014 до 2020 година.

Целта на средбата во Охрид е вклучување на повеќе од 200 граѓански организации во Република Македонија вклучени во мрежата при воспоставувањето механизам за консултација за подобро програмирање и искористување на европските фондови за претпристапна помош во земјата.

– Како што јакнат капацитетите на институциите за искористивање на фондовите, така растат и капацитетите на бизнис-секторот, граѓанските организации и корисниците на помошта. Наша цел е преку вакви состаноци и да посочиме на проблемите, да помогнеме во олеснувањето на пристапот до фондовите, а истовремено и да ги зајакнеме капацититите на потенцијалните корисници на грантовите, истакна Ана Чоловиќ-Лешкоска, претставник на една од организациите основачи на ИПА2-механизмот на граѓански организации.

Таа појасни дека препораките и заклучоците од средбите остварени тука ќе бидат од полза не само за граѓанскиот сектор, делегацијата на ЕУ во Македонија, но и за новата влада бидејќи тоа значи вклучување на мрежата на граѓански организации и секторските групи во процесот на програмирање на ИПА фондовите.

Проектот е организиран за поттикнување на работата во осумте сектори – демократија и владеење, судство и темелни права, животна средина, транспорт, конкурентност и иновации, образование и социјални политики, земјоделство и рурален развој и регионална и прекугранична соработка.

– Тука сме да ги пренесеме ставовите на граѓанските огранизации пред делегацијата на ЕУ и владините институции. Голем дел од забелешките на граѓанските организации годинава се вклучени во програмирањето на документите што ги спроведува делегацијата на ЕУ и Секретаријатот за европски прашања при владата, така што очекуваме зголемување на обемот и квалитетот на проектите што би се реализирале преку оваа програма, истакна Александар Колеќески, проектен менаџер во ИПА механизмот на граѓанските организации.

Во првата програма ИПА на ЕУ искористеноста на фондовите изнесуваше под 40 проценти, со варијации на искористеноста зависно од секторите. Поголема искористеност бележат секторите „транзиција и јакнење на институциите“ и „регионален развој“ наспроти слабата искористеност на пример кај секторите „развој на човечки капитал“ и „рурален развој“.

Со механизмот ИПА 2 од фондовите за развој на ЕУ за проекти во Република Македонија се предвидени средства во износ од 660 милиони евра за периодот до 2020 година.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

Катерина Ѓуровски

Сопругата на претседателот Пендаровски покровител на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

Ана Ололовска

Граѓанските организации дадоа посебен придонес во борбата со Ковид-19, остануваат силен партнер на Владата

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Царовска на состанок со ССМ, граѓанските организации и инспекторатите: Почитувањето на протоколите за заштита од Ковид-19 во фабриките е наш приоритет

А1он

Царовска на координација со УНДП и граѓанските организации: Сите предлози и сугестии се добредојдени, Владата вложува максимални напори да ги заштити работниците и бизнисот

Ана Ололовска