Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Од:

Новата кампања на граѓанските организации кои работат на унапредување на здравствената заштита „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ потсетува дека игнорирањето на превенцијата има висока цена за жените, за семејствата и за целиот здравствен систем.

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со партнерските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари ја започнуваат националната кампања „Кога се штеди на превенција – последиците се скапи“.

Кампањата е јавен повик за систем кој ќе ја стави превенцијата во центарот на здравствените политики, затоа што секој заштеден денар денес, утре се плаќа поскапо-  на штета на здравјето на граѓаните и на системот кој троши повеќе за лекување.

Иако државата има обврска да обезбеди достапна превентивна здравствена заштита за сите, бројките говорат поинаку:

  • 80 % од жените плаќаат за гинеколошки услуги кои им следуваат бесплатно;
  • Само 30 % од жените се опфатени со скрининг за рак на грлото на матката, наместо потребните 75 % за период од 3 години;
  • Граѓанските организации откриваат еден ХИВ позитивен случај на 150 тестирања, додека здравствените установи еден ХИВ позитивен случај на 1150 тестирања;
  • 92 % од жените Ромки не знаат дека имаат право на бесплатен гинеколошки преглед.

Кампањата содржи инфографици, видеа, пораки од здравствени работници, како и конкретни повици за акција. Преку овие содржини, ХЕРА и партнерските организации апелираат за зголемување на буџетите за превенција и обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита, независно од приходот, местото на живеење или етничката припадност.

Превенцијата не е трошок, напротив, таа е инвестиција во здрави животи и во поефикасен здравствен систем. Затоа, ХЕРА и партнерите бараат конкретни мерки и буџетски одлуки кои ќе го стават здравјето на граѓаните во центарот на јавните политики.

Проектот „Унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи“ партнерски го спроведуваат ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Погледнете дел од материјалите од кампањата тука.

Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат. 

 

Контакт за медиуми

  • ХЕРА – Асоцијација за здравственаедукација и истражување: [email protected]
  • Здружение за емнаципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ [email protected]
  • Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни [email protected]
  • Зружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари [email protected]

 

Би можело да ве интересира

Случај Невена Спасеска: И покрај насоките, Центарот во Охрид повторно се обидува да има главен збор во старателската постапка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права