Граѓански собир на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: Ќе го вратиме достоинството на државата и на македонскиот народ

Од:

Ќе си го вратиме македонското национално достоинство што сега ни е погазено повеќе од кога било претходно и ќе го запреме она што сега прави да се чувствуваме погазено и понижено, беше речено на граѓанскиот собир што вечерва во Кочани го организираше ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски порача дека понудената програма за обнова на државата е гаранција и сигурна основа дека изгубените три години можат да се надоместат, а грешките на актуелната власт да бидат казнети.

– Луѓето од оваа власт не само што не успеаа во ветувањето дека ќе донесат живот, туку ја понижија, распарчија и омаловажија сопствената држава, па денес да си Македонец во сопствената држава носи чувство дека си граѓанин од втор ред. Ние нема да чекаме три години, доволни ни се шест месеци за сиот сомнеж за сторен криминал и корупција да биде процесуиран, правда мора да има, без привилегирани луѓе, семејства или политичари. Ние имаме план како да дојдеме до минимум 25 проценти повисока просечна плата, се обврзуваме за минимум 20 проценти повисоки пензии, за илјада километри реконструирани локални и регионални патни правци, реконструкција на болници, училишта и училишни сали. Ќе има 640 милиони евра субвенции за земјоделците и загарантирамн откуп на производството. Сакам да им порачам на сите што мислат дека можат да флертуваат со соседите и да преговараат за нашата историја, дека не ни се потребни историски комисии, бидејќи за тоа нема преговори, истакна Мицкоски.

Носителот на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица, Игор Јанушев истакна дека во изминатите три години регионот доживеал стагнација, ветувајќи многу работа за негово повторно заживување.

– Се обврзуваме дека по преземањеро на власта во наредните четири години во овој регион ќе ја завршиме изградбата на ескпресниот пат Штип – Кочани, изградба на когенеративни постројки на гас за добивање електрична и топлинска енергија во Кочани, ќе стимулираме инвестиции во модерни туристички велнес, спа и здравствени центри каде е вклучена и вашата преубава Пониква. Ќе направиме целосна ревизија на постапките со кои беа одземени ловиштата, ќе изградиме центар за физикална медицина и рехабилитација на болни во селото Бања каде има извори на геотермални води, а новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја решава децениската запуштеност во сферата на згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст со изградба на нови детски градинки, истакна Јанушев.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје