(ВИДЕО) 16 невладини организации: Итно повлекување на измените во Кривичен законик или ќе има протести

Од:

Шеснаесет граѓански организации споени во иницијативата „Не во мое име” до претседателот на Собранието, Талат Џафери, и до пратениците кои се предлагачи на измената на Кривичниот законик поднесоа барање да се повлече точката за измена на овој закон од дневниот ред.

„Итно повлекување на точката за промена на Кривичниот законик со којшто сметаме дека ќе овозможат најголем број од обвинетите во предмети на специјалното јавно обвинителство да имаат намалени казни или нивните обвиненија да застарат. Тој факт нè вознемирува многу. Се боревме за правда за да има мир. Нè вознемируваат овие измени, сметаме дека ова е неприфатливо за да се прават промени на закони за да се оневозможи правдата”, рече Фани Каранфилова-Пановска од Фондација „Отворено општество“.

Доколку не се повлечат измените, организациите најавија можни протести.

Денеска на дневен ред во Собранието е членот 275, став 3 , за злопутреби за договор за јавна набавка, со кој се намалува казната од 5 на 4 години затвор, а овие измени исто така се поврзуваат со дел од обвинетите од СЈО – Сеад Кочан и Василије Авировиќ.

Зад иницијативата стојат: Фондација „Отворено општество – Македонија“, Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, НВО Инфоцентар, Центар за европски стратегии „Евротинк“, Форум – ЦСИД, Коалиција „Сите за правично судење“, Институт за демократија „Социетас цивилис“ Скопје, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Македонско здружение на млади правници, Агора Центар за промовирање на граѓански вредности Скопје, ЦИВИЛ – Центар за слобода, Kоалиција „Маргини“, Центар за современи уметности, Институт за европска политика – Скопје и Институт за човекови права.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага