А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓански асоцијации основаа Платформа за антикорупција

by А1он09/12/2014 - 15:11555
Share0

Платформа за антикорупција основаa денеска 15 граѓански асоцијации. Платформата ќе соработува со сите засегнати страни вклучувајќи ги државните институции, политичките партии, бизнис заедницата и меѓународната заедница.

Добивај вести на вибер

– Платформата ќе ги следи и анализира правната рамка и актуелните јавни политики и активности за сузбивање на корупцијата, ќе иницира јавна дебата за квалитетот на законите и ќе иницира законски измени каде што е потребно, рече директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (кој ја спроведува програмата на УСАИД за борба против корупцијата), Александар Кржаловски на прес-конференција на која беа презентирани целите и насокоите во кои ќе дејствува Платформата.

Програмската рамка, посочи, ќе вклучува анализа на работата на институциите кои се задолжени за борба против корупцијата и на сите институции за тоа како се однесуваат по тоа прашање.

– Ќе поддржуваме и иницијативи за поголема транспарентност во донесувањето на буџетот на Република Македонија особено во неговото извршување како на национално ниво, така и на ниво на општините. Ќе се следи и финансирањето на политичките партии, рече Кржаловски и додаде дека ќе се обидуваат да се зголеми транспарентноста во пристапот на статистичките податоци по разни основи за да направат подетална анализа за тоа каде се проблемите со корупцијата и ќе работат на зголемување на свеста на граѓаните за борба против корупцијата.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнел Македонија рече дека оцениле оти нивното делување може да биде уште поуспешно само ако заеднички се организираат и продолжат координирано да делуваат.

– Ќе промовираме активности кои понатаму ќе дадат поголем резултат, но и ќе ја промовираме Платформата во насока таа да се прошири уште повеќе со зголемување и на бројот на членките, на невладините организации и поединци кои ќе сакаат да бидат поактивни, додаде Тасева.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен