Граѓаните се за реформи во здравството, но не и за штрајк не лекарите

Од:

Граѓани ги поддржуваат актуелните реформи што се спроведуваат во македонското здравство, но не го поздравуваат најавениот штрајк на лекарите, покажува анкетата спроведена за ИПИС за потребите на Министерството за здравство.

На прашањето „Дали би поддржале штрајк на лекарите против одлуката на Министерството за здравство за плаќање на нивната работа по учинок“, штрајкот не го поддржуваат 56.2 отсто, а поддршка дале , 29.4 отсто.

На прашањето коешто се онесува на тоа дали граѓаните генерално ги поддржуваат преземените активности на Министерството за здравство за реформата на јавното здравство во Македонија, позитивно се изјасниле 59.2 отсто, додека негативно одговориле 29,4 проценти.

На прашањето дали „сите лекари без разлика на обемот на работа треба да имаат иста плата?”, позитивно одговориле 26,9 отсто, а негативно одговориле 59.2 отсто .

Во однос на прашањето какво е мислењето на испитаниците за проектот на Министерството за здравство за плата на лекарите според сработеното, односно плаќање по учинок. позитивен или делумно позитивен одговор дале 63,6 отсто негативно или делумно негативно одговориле вкупно 25,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот