Граѓаните преку досиејата можат да видат дали лустрацијата е исправна

Од:

Премиерот денеска ги повика граѓаните што помасовно да отворат на веб-страната на Комисијата за верификација на фактите, да ги прочитаат објавените документи и да оценат дали она што го правеле лустрираните е правично. Оцени дека процесот на лустрација не е антимакедонски.

– Не знам дали е антимакедонски кога цела Источна Европа го спроведе овој процес. Дали бил антилитвански, антибугарски, антиунгарски, античешки…, тоа е друго прашање, но јас би ги повикал граѓаните да ги прочитаат тие работи што се извадени на интернет, изјави Груевски.
Според него, добро е што законот предвидува досиејата на оние што се лустрирани да бидат објавени на веб -страната на Комисијата за лустрација.

– Најдобро е мојот коментар да изостане, а граѓаните колку што можат помасовно за да се уверат дали правиме антимакедонски чекори да отворат и да прочитаат за секој, што пишува, што правел, како се однесувале, кои биле нивните активности и дали е тоа правично и добро тоа што го правеле. Ако оценат дека тоа што го правеле овие луѓе во тоа време е позитивно, паметно, промакедонски, тогаш јас ќе се согласам со констатацијата дека лустрацијата како процес е антимакедонска. Но, се плашам дека секој што ќе прочита длабоко ќе се замисли во какво време се живеело во минатото и дали оние луѓе коишто денеска реагираат имаат морално право тоа да го прават, изјави премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска