(ВИДЕО) Граѓаните до полицијата: Ако не го викнете градоначалникот за пола саат, ќе гори цела населба

Од:

Ако не го викнете градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, за половина час, ќе гори цела населба, му рекоа собраните граѓани на заменик командирот од полициската станица Ѓорче Петров, кој пристигна на улицата Борис Серафов, за да ги слушне барањата на граѓаните.

Тие веднаш вербално го нападнаа, прашувајќи зошто се одбиени нивните молби за поставување на семафор и лежечки полицајци.

„По којзнае кој пат бараме мирно да се реши овој проблем. Но овој пат, доколку не се случи тоа, ќе започнеме радикални дејствија“, порачаа собраните.

Околу стотина граѓани излегоа на улицата Борис Серафов, пред одновното уличиште „Мирче Ацев“ во скопската населба Ѓорче Петров, каде вечерва беше прегазено 10-годишно момче.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он