Граѓаните најмалку се информираат од вестите на телевизиите

Од:

Мониторингот за гледаност на телевизиите што го направил Советот за радиодифузија, за месец јули покажува низок пад на вестите на телевизиите во Македонија.

Извештајот покажува дека граѓаните во Македонија гледаат најмалку вести на телевизија, пренесе Либертас.

„Најголема гледаност има провладината Сител. Централниот дневник на Сител е со рејтинг од 6,68 отсто, а најгледани на оваа телевизија се турските серии. Канал 5 има уште понизок рејтинг. Вестите на оваа телевизија минатиот месец биле гледани 3,05 отсто, а најгледани и на оваа телевизија биле турски серии. На државната МТВ централните вести се со екстремно низок рејтинг од 1,78 отсто, а најгледан на јавниот сервис минатиот месец бил фудбалски меч од супер купот со гледаност 2,87. Од националните телевизии убедливо најнегледана е ТВ Алфа. Вестите во 19 часот се со рејтинг од 1,47 отсто, а најгледана било УЕФА евро лига со 2,44 отсто. Вестите на телевизија Телма во јули имат рејтинг од 1,87 отсто,“ пишува Либертас.

Би можело да ве интересира

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски

„Планета земја 2“ погледана од „Х-Фактор“

Емир Латифовиќ