Граѓаните на Карпош 4 бараат од Стевче Јакимовски нова расправа за ДУП-от

Од:

Граѓаните на Карпош 4 упатија уште едно барање до градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и на советниците, за повлекување на предлог ДУП-от за Карпош 4 и негово враќање на повторна расправа.

Барањето е поткрепено со физибилити студија, која ја финансира УСАИД. Во неа се назначени недостатоците на предложениот детален урбанистички план и негативното влијание врз квалитетот на животот во Карпош 4.

„1. Со просторното и урбанистичкото планирање се одредуваат основните начела во процесот на планирање и уредување на просторот. Сметаме дека со овој ДУП се нарушуваат начелата загарантирани во Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ 51/05…42/14) и тоа: рамномерниот просторен развој; рационално уредување и користење на просторот; услови за хумано живеење и работа на граѓаните; оддржлив развој и заштита и унапредување на животната средина и природата.
Дуповите не се само црти и линиии и интереси на инвеститорите и нивна усогласеност со ГУП-от.

2. Процесот на донесување на овој ДУП е крајно нетранспарентен, неетички и спротивен на интересите на граѓаните.
Процесот на донесување на ДУП-овите не завршува само со соопштение на огласна табла и објава во јавно гласило за Предлог ДУП и организирање на Јавна анкета и Јавна презентација по Предлог ДУП-от, туку целокупната постапка треба да е јавна и транспарентна и согласно Законската регулатива.
Јавната презентација и анкета всушност најмалку беа јавни туку скриени и во летниот период во кој се избегна непосредното одлучување на граѓаните, поединечно и колективно вклучување на жителите на Карпош 4 во одлучувања за работи од суштествено значење за нивното живеење на овој урбанизиран простор што е спротивно на Законот за локална самоуправа. Присутните граѓани на Јавната презентација имаа можност да слушаат монолог и приказна за тоа што сакаат инвеститорите и како тоа изготвувачите на Предлог ДУП-от вршат усогласување со ГУП-от во кој непосредно учество има и општината Карпош. Неприсутните граѓани немаа можност да го изразат своето мислење преку анкетен лист од оправдани причини: недоволна информираност и време на летни одмори.

3. Заради нетранспарентноста во донесувањето на ДУП-от, ние граѓаните на Карпош 4, се сомневаме во Законитоста на постапката на донесувањето на ДУП-от и во законското вршење на надлежностите на органите на општината Карпош.
Сомнежот се дополнува и со изјавите на Градоначалникот во дневниот весник Утрински весник од 17.08.2015 дека делови од Предлог ДУП-от се фиктивни.
Празните усмени изјави од типот: нема парче зеленило да ви фали, за нас се само вербално матење на умот.
Ова повеќе и од причини што оневозможувањето на квалитетна јавна и транспарентна расправа, ниту преку дополнителните напори на граѓаните за собирање на потписи за Барање за организирање на Собир на граѓани согласно член 84 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните кое Општината како заедница на жители на одредено подрачје брутално го отфрли, укажува на тоа дека интересите на општината се спротивни на интересите на жителите.
Cвесни сме дека по донесувањето на Одлуката за изгласување на ДУП-от нема враќање назад и сите изјави од типот: нема да фали едно дрво, ќе овозможиме паркирање на места кои се сопственост на инвеститорите, ветувања за фасади и менување на азбестни кровови на постоечки згради, се само маркетиншки трикови на остварување на нечии интереси, а штетата со донесувањето на овој ДУП е ненедоместлива.

4. Coгласно своите Уставно загарантирани права на живот и сопственост, права на заштита на животната средина и природата и одржување на хомогеноста и одржливиот развој на општината, граѓаните како неформална група, се обидоа да: покренат граѓанска иницијатива на локално ниво, според членот 74 и членот 75 и собир на граѓани според член 84 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.
За граѓанската иницијатива беа собрани 2607 потписи но не го постигна потребниот број. Но за свикување на собирот на граѓани доставивме 3 пати повеќе потписи од потребното т.е. 2425 што претставува повеќе од 30% од гласачкото тело на Карпош 4, но и покрај оваа бројка правото ни беше ускратено од градоначалникот со образложение со кое несоодветно и субјективно се толкува законот.

5. Заради неможноста за остварување на своите уставно загарантирани права преку институционалниот систем и преку општината, граѓаните ги здружија своите интереси во неформална граѓанска организација Ние сме Карпош 4 и со својот личен труд и интелектуален капацитет потпомогнати од УСАИД изработија: Физибилити студија за Предлог ДУП за Градска четврт З 02 (локалитет Карпош 4), општина Карпош – Скопје и Катастар на зеленилото на Карпош 4.
Со Физибилити студијата се докажува штетноста од донесување на овој Предлог ДУП и истовремено, како граѓани кои неможат институционално да придонесат за стопирање на донесувањето на овој Предлог ДУП сметаме дека сепак можеме со свои иницијативи да допринесеме за остварување на своите права согласно член 83 од Законот за локална самоуправа. Истовремено со Катастарот на зеленилото на Карпош 4 сакаме да допринесеме за заштита на животната средина.
Се надеваме дека овие наши два граѓански проекти не само што се показател за нашата грижа за решавање на работите за нашето битисување и заштита на животната средина на овој комплетно урбанизиран дел од градот, туку треба да се преточат од граѓански иницијативи во конкретно спроведување преку институционалниот систем.
Спроведувањето на Предлог ДУП-от ќе значи комплетно рушење на една хомогенизирана урбана заедница, каде повеќе од 40 години опстојува една комплетна симбиоза на растителен и животински свет, а граѓаните ги уживаа привилегиите на еден мирен и спокоен живот. Овој ДУП не нуди економски и животен бенефит на граѓаните на Карпош 4.

Ве молиме најетички, да не ги загрозувате нашите права загаранитирани во Уставот на Република Македонија. Како граѓани на оваа држава имаме право на локална самоуправа (но не ваква која работи спротивно на интересите на жителите на оваа општина) и право на уредување и хуманизација на просторот и заштита и унапредување на животната средина и на природата.

Секој чекор кој ќе го преземете за усвојување на овој штетен урбанистички план, ќе го сметаме за загрозување на нашите уставни и граѓански права и ќе ги преземеме сите чекори за заштита на нашето право на квалитетно живеење на овој простор од градот“, стои во барањето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Се чистат одрони од земја и песок на патот Нерези-Св. Пантелејмон

А1он

Две деца нападнати во Карпош

Ландов

Утре без струја дел од Гази Баба и Карпош

А1он

Креативни столпчиња за поголема безбедност пред училиштата во Карпош

Ана Ололовска

ВИДЕО: Царовска, Бајрактар и Богоев го посетија инклузивното детско игралиште во Карпош 2

Ана Ололовска

ВИДЕО: Завршува изведбата на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа

Ана Ололовска

Leave a Comment

10 − 4 =